Општина Куманово собира помош за Скопје

Со две противпожарни екипи и една од јавното претпријатие Водовод, општина Куманово во текот на вчерашниот ден се обиде да помогне на поплавените подрачја во скопскиот регион.

-Искрено сочуство до настраданите се разбира дека и ние како општина Куманово преземаме одредени мерки за помош на настраданите. Цело претпладне со градоначалникот и директорите на јавните претпријатија одржавме низа состаноци така што сега моментално имаме три екипи наши испратено и градоначалникот на Куманово е на терен во Скопје. Испративме две возила од противпожарната едница со осум луѓе, две пумпи-истакна Деан Илиевски, командир ТППЕ Куманово.

Јавното претпријатие Водовод обезбеди цистерна за извлекување на вода, и екипа од три члена, што значи дека во текот на вчерашниот ден од општината заминала екипа од 11 лица.

-Стоиме на располагање доколку се укаже потреба и биде побарана дополнителна помош од нас, ова е само првична помош. Мислам дека се работи на набавка на вода за пиење да се достави до загрозеното население така што остануваме во состојба на приправност, ќе бидеме во контакт со градоначалникот на нашата општина и доколку има потреба од  ангажирање сигурно дека ќе го исполниме тоа-додаде тој.

Општината вчера достави и еден камион минерална вода. Инаку по одлука на Иницијативниот одбор на граѓани утринава на две локации, кумановци имаа можност да доставуваат свои донации. Едниот пункт е поставен кај споменикот на Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад, а другиот во поранешната зграда на Комитет.

-Како и секогаш кумановци се хумани луѓе тоа го потврдија без оглед што утринава временските услови беа многу лоши сепак одзивот е многу голем. Имаме најавено од повеќе невладини организации, кој ќе дојдат во попладневните часови да достават собрани материјали вода, храна и бебешки пелени и кашички. Досега најмногу се донираше вода, бидејќи тоа беше приоритет вода и конзевирана хранa-истакна Александар Крстевски од Иницијативен одбор на граѓани за помош на Скопје.

Тој ги повика граѓаните кои се во можност да дојдат и да донираат. Инаку акцијата е предвидено да треа наредните седум дена.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)