ОСБС и Отсек за превенција ќе соработуваат со градинката

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот денеска во просториите на детската градинка „Ангел Шајче” одржа работен состанок заедно со раководниот тим и претставници од Отсек за Превенција при СВР Куманово и директорката на градинката Марина Алексовска.

Општинскиот совет за безбедност во сообарќајот информира дека во текот на 2022-ра година со заеднички ангажман и активности ќе спроведат едукативни теоретски и практични предавања и вежби за дечињата од предучилишна возраст.

Сите заедно за поголема сообраќајна култура и сообраќајно образование, посоочуваат надлежните.

Коментари

коментар(и)