Османи: Повредените во автобуската несреќа се во добра здравствена состојба

Повредените во автобуската несреќа според информациите на лекарите се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, изјави за МИА министерот за надворешни работи Бујар Османи пред болницата „Пирогов“ во Софија.

Османи кажа дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со семејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите.

Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија.

(Фото: ЕПА)

Коментари

коментар(и)