Основното училиште „Толи Зордумис“ – домаќин на Еразмус проект

ООУ „Толи Зордумис” е домаќин на средба од Еразмус проектот „Ние! Од нас, за нас и не само за нас!“, поддржан од Европската комисија и Полската национална агенција. Проектот е во времетраење од 30 месеци и го реализираат 6 институции од земји – учеснички во проектот. Координатор  е Полска, а Македонија, Португалија, Чешка, Турција и Латвија,  се партнери учесници. Македонскиот координатор Наталија Ивановиќ, тимот од наставници при ООУ „Толи Зордумис” и учениците во инклузивни паралелки, деца со посебни потреби и нивните соученици се реализатори на проектот. Секоја држава на тој начин ја претставува својата историја и култура направена е збирка од фотографии од сите активности и од фотографиите направени од страна н  учениците. Целата поставка од фотографии беше изложена вчеравечер во градската галерија.

Коментари

коментар(и)