Осудените лица повторно со акција за собирање на смет

Осудените лица од КПУ Затвор Куманово со Oтворено одделение Крива Паланка во соработка со ЈП”Чистота и зеленило” од Куманово остварија акција за собирање смет во месноста викана ”Искрин мост”. Ваквата акција има за цел да им овозможи на осудените лица за време на издржување на казната затвор да извршуваат работни задачи кои ќе допринесат за нивна ресоцијализација, а преку истата бенефит има и заедницата, објавија на својот фејсбук профил Управата за извршување на сакнции.

Коментари

коментар(и)