Осуденици од КПУ Затвор Куманово, отворено одделение во Крива Паланка ќе вршат општокорисна работа

Директорот на КПУ Затвор Куманово, Ненад Цветковиќ и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпишаа договор за деловно-техничка соработка, која се однесува на ангажирање на осудени лица кои што отслужуват казна во отвореното одделение во Крива Паланка,  за потребите на општината.

Тие ќе бидат ангажирани во извршување на општокорисна работа, преку која им се помага на овие лица во процесот на нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството, а воедно преку овие активности се дава значителен придонес за одржување хигиена и на почиста животна средина.

Коментари

коментар(и)