Осум новозаболени, еден починат кумановец во изминатото деноноќиe

Осум починати и 335 заболени од ковид-19 се регистрирани во државата во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, евидентирани се уште пет смртни случаи преку „Мој термин“  во периодот од 26 ноември до 16 декември.

Во Куманово бројката на новозаболени изнесува осум лица, а починати се двајца кумановци, едниот во последните 24 часа, а другиот во претходниот период.

Регистрирани сe 515 оздравени пациенти.

Бројот на активни случаи на ниво на државата изнесува 5.182.

Коментари

коментар(и)