(ВИДЕО) Отворена изложбата „Кругови“ на Јовица Ивановски

Со синоќешното отворање на самостојната изложба насловена „Кругови“ авторот Јовица Ивановски одбележува 30 годишно ликовно творење. Љубителите на ликовната уметност имаат можност наредните денови во  центарот за култура „Трајко Прокопиев“ да видат 25 слики од најновата продукција на Ивановски работена во последните неколку години која всушност претставува продолжување на неговиот повеќегодишен претходно развиен концепт. Зошто „Кругови“?, објаснува самостојниот уметник Ивановски.

-…Кругови како неизбежна космичка мистерија. Како повеќе планети кои универзумот го прават дуален балансирајќи го доброто и злото. Свој свет е сосредоточен во бескрајната плејада од илузии, или можеби е реален живот на непознати чудесија. Еден мулти планетарен двобој на различни сили, каде техничката цивилизација преовладува, и духовната интелигенција прави натприродни напори за опстанок на човештвото, за промена на свеста, да човекот повторно биде само Човек ( духовно битие).

Кругот има и свои световни допирни точки, тој е и ореол, каде беспрекорно се чувствува божјото присуство во нас, кое постојано тежи кон соединување на универзалната прамисла, постоењето и смислата од каде потекнуваме сите ние. Но за жал, постои и темната страна од нашиот живот, спротивно од нашиот Творец ” Светлоносец”, a тоа се злите ангели кои како витези, и лоши господари управуваат на земјиното тло. Таа постојана борба се води не само rope на небото туку и внатре во нас , во нашето бојно поле наречена Душа!!!

Оттаму и кругот како неисцрпна инспирација за една праисториска вечна тема која се повеќе е присутна во нашето денешно живеење…“ изјави Јовица Ивановски, самостоен ликовен уметник

Јовица Ивановски е самостоен ликовен уметник кoј реализирал неколку самостојни ( Куманово и Кратово ) и групни изложби од локален и меѓународен карактер. Учествувал  на повеќе Меѓународни ликовни колонии, меѓу кои и на Интернационалната изложба „Фукушима“.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 22 јули годинава.

Коментари

коментар(и)