Отворена изложбата „Кумановски графичари“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена биеналната изложба Кумановски графичари. Збирката која се состои од 26 графики во различни техники, е дело на девет академски графичари од Куманово.

-Се работи за изложба која е традиционална во Центарот за култура Кумановски графичари е биенална изложба на графика која се организира на секои две години. Првата изложба беше организирана 2003 година и од тогаш на секои две години го претставуваме она што е актуелно на полето на графичката уметност во градот-наведе Роберт Цветковски, историчар на уметност.

 На изложбата учествуваа академските графичари: Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.

-Оваа графичка манифестација е плод на повеќегодишна подготовка и работа. Заедно со Домот на култура имаме контакт бидејќи графиката е тешка за изработка од технички услови треба доста материјал и технички услови кои не се пристапни. За секој да работи, затоа направивме да биде биенална. Во главно се застапени млади автори од факултетот за ликовна уметност, секоја година се подобри резулатите што може да се види, како застапеност на различни техники така и на ликовен поглед-истакна професорот Зоран Јакимовски на Факултет за ликовна уметност.

Изложбата Кумановски графичари која ќе биде презентирана и во другите градови низ Македонија, е подржана од Министерството за култура.

 

 

Коментари

коментар(и)