Отворена манифестацијата „Денови на мед 2021“

Десетина пчелари денеска на градскиот плоштад ги изложија своите пчелни производи, во рамки на манифестацијата Денови на мед, која традиционално ја организира Здружението Пчела, со поддршка на општината.

Претседателот на пчеларското здружение „Пчела“, Горан Митевски се надева дека оваа година ќе има доволно мед за кумановци.

Нагласи дека и годинава временските услови не биле во корист на пчеларите, но сепак преземаат мерки не  можат да направат многу против климатските промени. Во просек оваа година по кошница приносот изнесува 10 килограми.

И останатите пчелари се согласуваат дека од година в година се намалува производството.  Цената на мед во моментов изнесува 500 денари.

Манифестација за отворена ја прогласи градоначалникот Максим Димитриевски. На саемот кој се организира со поддршка на општината, како и претходните години  учествуваа и ученици од средното стручно училиште Киро Бурназ, кои поседуваат сопствен пчеларник.

Коментари

коментар(и)