Отворена меѓународна изложба на уметничка фотографија

Во организација на Фото Кино Клуб „Козјак“, вчеравечер беше отворена 11 –тата меѓународна изложба на уметничка фотографија, „Фото Салон 2017“. На изложбата, која се одржа во уметничката галерија се пријавиле 371 автор од 56 земји од светот.

-Стручното жири одбра 198 награди во шест категории.Оваа година учесниците можеа да работат на шест теми,портрет,музика,природа,живот,слободна црно-бела и колор фотографија“-изјави  Дејан Ангеловски, претседател на Фото Кино Клуб „Козјак“

Меѓу наградените има и македонски автори, Сашо Алушевски, Миладин Поповиќ, Татјана Ранташа, Виктор Налевски и Стефан Николиќ, а од кумановскиот клуб,наградени се Цветан Гавровски,Филип Илиевски и Стефан Николиќ.

 

Коментари

коментар(и)