Отворена „4-та Меѓународна Фото колонија -Старо Нагоричане“

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа се отвори изложба на уметничка фотографија  од “4– та Меѓународна Фото колонија – Старо Нагоричане 2019“.  Присутните имаа можност да видат над 20 фотографии кои ги создале фотографи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија од 5-ти до 10-то октомври минатата година.

-Се дружевме 5 дена, покрај што учествуваме на локалитети околу Старо Нагоричане ги посетивме Кратово, Куклица, Крива Паланка, Кокино, неизбежно Пелинце, музејот на АСНОМ, Зебрњак, црквата Св Ѓорѓија, Скопје, со 5 дневното дружење се направија многу фотографии. Ме радува фактот што ние фотографираме но многу нешта се менуваат во Старо Нагоричане. Не можеме нешто да стасаме, ме радува и фактот што поединци, пензионери се враќаат ги обновуваат старите домови иако има и заминување, меѓутоа општината е тука. Овие фотографии од сите колонии до сега почнуваат да чекорат по светските салони така што зимаат награди, Старо Нагоричане излегува од онаа обиколка што ја има-посочи уметничкиот директор на колонијата, Душан Доцевски.

Фотографиите ќе бидат изложени во повеќето градови низ државата, а потоа ќе се предадат на општина Старо Нагоричане, која досега има над 150 вакви дела. Изложбата е под патронат на Фото Сојузот на Македонија, а е помогната од Локалната управа на Општина Старо Нагоричане и финансирана од Народна техника на Македонија.

Коментари

коментар(и)