Отворен ден за деветодделенци во гимназијата

Деветоодделенци од градот денеска учествуваа во Отворениот ден кој го организираше гимназијата „Гоце Делчев“.

Целта на настанот е идните средношколци да се запознаат со условите и можностите кои што ги нуди ова средно училиште.

-По повод одбележување на патрониот празник на училиштето, 4-ти мај имаме организирано повеќе активности кои ќе ги реализираме во текот на овие два дена. Денеска е отворен ден, повик до основците кои треба да се запишат во наредната учебна година 2019/2020-та. Училиштето распиша конкурс и има слободни 340 места, учениците ќе се распределат во 10 паралелки на македонски јазик, една на српски а во тие 10 можат да следат и билингвална настава-истакна Марија Тодоровска, директор гимназија „Гоце Делчев“.

Основците имаат можност на штандовите да се запознаат со сите предмети кои се изучуваат во гиманазијата.

Во гимназијата во рамки на одбележување на патрониот празник денеска се одржа и литературно читање. Утре во 11 часот, ќе се положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето, а во 11 и 30 ќе се одржи ликовна изложба во Центарот за култура. Половина час подоцна е закажана и главната приредба.

Коментари

коментар(и)