Отчет за сработеното на директорот на Водостопанство, Оливер Илиевски (видео)

Работењето по четири столба, во изминативе три години, освен што обезбеди непречено снабдување со вода во нашата општина, ги зајакна и односите со Ј.П Водовод, како клучен партнер – вака го започна својот отчет пред граѓаните директорот на Водостопанство, Оливер Илиевски.

Тој го потенцираше и обелоденувањето на коруптивните малверзации, направени во претходните години, што претпријатието без затскривање ги откри преку седум кривични пријави. На нашето прашање кој всушност е одговорен за оддржувањето на речните корита во кумановско, особено по наводите на некои негови сопартијци дека Општина Куманово успешно ги има исчистено коритата на Кумановка, Којнарка и Липковка, Илиевски одговори дека Водостопанство продолжува да работи и за својата работа да биде оценето од своите граѓани.

 

Коментари

коментар(и)