ОУ „Крсте Мисирков“ доби три гасеничари за колички

Во основното училиште „Крсте Мисирков“ денеска се одржа обука за ракување со лифткар или популарно нарекувани гасеничари, справа која се движи по скалите заедно со лице во количка.

Имено училиште преку проектот „Инклузивна смарт училница“, добиен од швајцарската амбасада, а поддржан од Министерството за локална самоуправа и Североисточен плански регион, доби три вакви алатки кои ќе можат да ги користат училиштата каде што има лица во количка, како и дневниот центар „Порака наша“.

-Денеска обуката ќе ја спроведат професионалци кои ќе покажат како се ракува со оваа машина. Имаме претставници од училиштата „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“ и од дневниот центар „Порака наша“. Овие алатки се мобилни нема да стојат во нашето училиште,  бидејќи е регионален проект ќе ги даваме на училиштата каде што има потреба. Се наоѓаме во стара училишта зграда во која не е предвидена градба на лифтови, па овие алатки се одлична можност учениците да се искачуваат на вториот и третиот кат,  а не и само ученици со посебни потреби, туку и повредени-посочи директорот на ОУ „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ.

Обуката за ракување со лифткар се реализира во пресрет на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Коментари

коментар(и)