(ВИДЕО) Павловски: СДСМ врши притисоци врз вработени во СВР, во здравство, образование и градинки

-СДСМ во Куманово врши притисоци врз вработени во Секторот за внатрешни работи при МВР, во здравствена установа, во градинка и на вработени во образовните институции. Од фотографијата која што можете и вие да ја погледнете, ќе воочите злоупотреби, нефер и недемократски процес за претстојните локални избори. Во пораката која што СДСМ Куманово ја испраќа до вработени во државните институции јасно бара од нив капитените на список да достават 10 до 15 гласачи, а списоците да бидат доставени до четврток 16 септември, 24:00 часот, за потоа да можат да ги комплетираат и однесат во партија. Овие списоци требало да содржат име и презиме, година на раѓање и телефонски број.

На 11-ти септември апелиравме дека се вршат зачестени притисоци врз нашите сограѓани, вработени во јавната администрација, во средните и основните училишта, како и врз членови и симпатизери на СДСМ. Ова е недозволиво! Заканите и притисоците во Куманово не можат да поминат, затоа што Куманово е погрешниот град за вршење на притисок!

Да потсетам дека претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово и пратеник Мартин Костовски неодамна искажа невистини дека имало недолично однесување и злоупотреба на институциите со притисоци и закани во пресрет на локалните избори. Ова е апсолутно неточно и веднаш апелиравме да пријават до надлежните институции. Гледаме дека оние кои лажно ги претставуваа работите, сега истите тие и ги прават овие работи. Срамно!

Пред неколку години се боревме за слобода, бевме против заплашувања и притисок. 4 години подоцна повторно се соочуваме со истиот принцип на функционирање како оние претходни времиња. Притисоците нема да бидат дозволени! Секој граѓанин има право на свое сопствено убедување, на своја сопствена определба.

Граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ е згрозена од ваквото недолично однесување на власта во пресрет на локалните избори! Бараме институциите на системот да почнат да работат на спречување на ваков тип на притисоци. Државната изборна комисија мора да реагира на вакви нерегуларности. Не смее никој да врши притисок на гласачите, рече на денешната прес-конференција, Николај Павловски, кандидат за советник во Советот на општината од граѓанската иницијатива „ За наше Куманово“.

Коментари

коментар(и)