Патронен празник на ООУ „Вук Караџиќ “

Под мотото „Учебник – волшебен килим на знаење “ основното училиште „Вук Караџиќ“  го одбележа патрониот празник, 73 години од своето постоење, но и 231 година од раѓањето на патронот. Во чест на празникот на училиштето вчера беа организирани повеќе активности. Учениците од „ Вук Караџиќ“ одиграа пријателски натпревари во одбојка со своите врсници од основното училиште „Наим Фрашери“, а вчеравечер беше организирано и литературно читање на кое што, освен гости од останатите училишта во градот,  присуствуваа и членови на Друштвото на писатели од Куманово, информира професорката по македонски јазик, Анита Младеновиќ.

-На литературното читање читавме творби, наградени творби на нашите ученици на претходно распишаниот конкурс на темата „Учебник – волшебен килим на знаење“ . Исто така на литературното читање беше проследен и електронскиот весник Вуков цвет во кој што беа претставени сите активности на нашите ученици во претходниот период односно во минатата година, изјави Анита Младеновиќ, професор по македонски јазик.

Присутните на синоќешната манифестација по повод патрониот празник, имаа можност да ги проследат и наградените цртежи на претходно распишаниот ликовен конкурс, како и драмските и ритмичките точки, подготвени од учениците под менторство на своите наставници.

-Учениците ги искажаа во неа своите вештини во рецитирање, во песни, ритмички точки и драматизација врз основа на темата „Учебник – волшебен килим на знаење “ поврзани со темата на книгата на знаењето кое што го стекнуваат во текот на нивното образование, изјави Анита Младеновиќ, професор по македонски јазик

Училиштето „Вук Караџиќ“ е составено од млад наставен кадар кој што се труди да го извлече максимумот од секој ученик . Наставниците освен што работат со секое дете, учествуваат  и во воннаставни активности, секој според своите способности со цел да се реализираат повеќе од предвидените активности според наставната програма.

Коментари

коментар(и)