Педесет и деветта седница на Советот на општина Куманово

Во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, во петок со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи педесет и деветтата седница на Советот на општина Куманово.

Советниците ќе расправаат за дополнување на програмата за работата на јавното претпријатие Куманово план, предлог одлука за вработување на определено време на двајца извршители во Куманово гас, предлог одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот, како и предлог – Одлука за измена на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз.

На дневен ред ќе се најдат и предлог – Одлука за начин на користење на отвореното спортско игралиште „Соколана“и утврдување на цена на влезници, како и предлог – Одлуки за измена на режим на сообраќај на неколку улици.

Коментари

коментар(и)