Пендаровски на граѓанска трибина во Куманово

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните  на Куманово организирана на градскиот плоштад побараа масовна поддршка за Пендаровски, за земјата да продолжи да се развива и за добар живот за сите граѓани.

„Големо мнозинство од народот знае кој ја носи земјава во ЕУ, а кој ја враќа назад. На овие избори гласаме за политики за во Европа или во балканска кал„ , рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

На интерактивната трибина, граѓаните побараа одговори на прашања кои што ги засегаат во секојдневинето.

„Имаме човек кој обединува и има јасна визија каде да ја води државата. Куманово кое е држава во мало ќе испрати порака дека сакаме вистински претседател“ , порача  на трибината вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„12 земји го ратификуваа протоколот. На крајот на годината на декемврискиот самит ќе го добиеме полноправното членство во НАТО “,  потенцираше пред кумановци  претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Заев уште еднаш побара одговорни одлуки од граѓаните, масовна излезност и поддршка на концептот „Заедно напред“ кој е поддржан,како што рече , и од светот.

Коментари

коментар(и)