Пензионерите на есенски крос

Традиционален есенски крос се одржа изминатиов викенд во Соколански парк во организација на Комисијата за спорт, одмор и рекреација при здружението на пензионери „Куманово“. Во дисциплината трчање на шеесет метри во женска и машка конкуренција учествуваа 26 –ина пензионери. Најдобрите на есенскиот крос веќе традиционално се Јасмина Тодоровска и Душко Јовановиќ.

– Според некое непишано правило веќе шест години традиционално ги освојувам првите места како на есенскиот така и на пролетниот крос што го организира здружението на пензионери Куманово. Активна сум во спортската секција шест години , освојувам и медали на Републичката  олимпијада што се одржува под покровителство на  Сојузот на здруженијата на пензионерите. Ова е еден вид на подготовка за претстојните натпревари што треба да се одржат наредната година. Сакам да ги поканам сите пензионерки кои што се заинтересирани да повелат да дојдат на терените кај Соколана активно да се вклучат во организирањето на спортските активности, ќе се дружиме, ќе се рекреириме, ќе спортуваме, изјави Јасмина Тодоровска, Здружение на пензионери „Куманово “

По есенскиот крос следуваат и други спортски активности организирани од секциите во рамките на здружението на пензионери „Куманово“.

-На првопласираните им беа доделени дипломи и по една маица. На 26 –ти октомври ќе одиме на двомеч во ОВР. Не поканија да учествуваме со машка и женска екипа во пикадо и машка екипа во шах, изјави Љубица Кузмановска, Здружение на пензионери „Куманово “

Во областа на културно -уметнички самодејности , на 31 октомври ќе се одржи традиционалниот  концерт насловен „ Пензионерите за својот град “ на кој покрај здружението „Куманово“ ќе учествуваат и здруженија на пензионери од Кочани и Зајечар, информираше Кузмановска.

Коментари

коментар(и)