Група ученици и наставници од училишта од Романија, Литванија и Полска вчера пристигнаа во Куманово како дел од проект на Програмата ЕРАЗМУС + и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Партнер- училиште во проектот е средното стручно училиште „ Перо Наков “, кое вчеравечер организираше свечен прием на гостите во Занаетчискиот дом , со поддршка на локалната самоуправа.
-Нашето училиште во изминативе години реализираше многу интересни корисни и важни проекти кои беа дел од програмата ЕРАЗМУС +. Секој проект си носи свој бенефит, од секој проект учиме сите, и наставниците и учениците и го применуваме во воспитно -образовниот процес. Се надевам дека наредните денови ќе се чувствувате убаво во нашиот град и во нашата Македонија, изјави Мила Жибак, директор на СОУ „Перо Наков“
-Како координатор на овој проект ми е многу драго што можам да угостам вакви гости во Куманово. Едноставно водење на ваков проект беше голем предизвик за мене , како и предизвик за целото училиште. Нашето училиште преку овој проект научи нови методи, нови техники и нови стратегии за креирање на подобро образование . Во наредниот период имаме уште малку да го имплементираме овој проект и се надевам дека ќе успееме да направиме како што е испланирано, изјави Ивана Близнаковска, координатор на проектот
Освен „Перо Наков“ , во друг проект од програмата ЕРАЗМУС + е вклучено и средното училиште „ Киро Бурназ“ кое до 23 март ќе биде домаќин на ученици и наставници од Италија, Турција, Бугарија и Литванија.