Петрушевски: Легитиметот на власта е изгубен

„ Легитимитетот на оваа власт е длабоко разнишан и изгубен, а од друга страна, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е зголемена. Полека, но сигурно изгрева зората на слободата и доаѓа правдата за Куманово, рече на денешната прес-конференција претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски.

– Благодарејќи на вашата одважност и непоколебливост, драги кумановци, бројот на опозициските гласови во Куманово е за 3.300 поголем од бројот на гласовите на СДСМ, ДУИ, и уште 31 нивен коалициски партнер. Или народски кажано, ги победивме сите на купче. Легитимитетот на оваа власт е длабоко разнишан и изгубен. Од последните локални избори во Куманово, кога СДСМ и ДУИ освоија преку 25.600 гласови, за само година и пол, овие 2 политички партии на власт, заедно со нивните коалициони партнери изгубија скоро 10.000 гласови. Од друга страна, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е зголемена. Тоа е резултатот од нивното не работење и нивната не грижа за проблемите на граѓаните на општина Куманово. Изгубен е и легитимитетот на градоначалникот на општината, г-дин Максим Димитриевски. Иако максимално активен во претседателската кампања, иако посегна по недозволената булдожер кампањата, па асфалтираше и тампонираше голем број на улички по наслебите во нашата општина, сметајќи дека така ќе тргува со гласовите на граѓаните, сепак ваквото потценување на кумановци го чинеше драстично топење на бројот на неговите гласови, изјави Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, затоа што е олицетворение на правдата, затоа што е човек со кредибилитет и свој став, потенцираше Петрушевски.

-Во неделата во нашата општина имавме битка на Давид против Голијат. Од едната страна впрегната и ангажирана целокупната локална и државна администрација, не штедејќи ги државните ресурси за партиски цели, вршејќи огромни притисоци и присилби за гласот на граѓаните. Политички апарат кој преку две децении владее со овој град и политичка партија која во буквална смисла на зборот го има заробено Куманово. Од другата страна бевме еден млад тим на ВМРО-ДПМНЕ, кој цврсто верува во прицницпот на право и правда, принцип промовиран од нашиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова, принцип кој мора да дојде и да се воведе во Куманово. Затоа овој фантастичен резултат на опозицијата во Куманово е заслуга на мудроста, непоколебливоста и пркоста на вас драги Кумановци. Овој резултат е Ваша заслуга! , рече Петрушевски.

Петрушевски ги повика граѓаните од сите етнички заедници во Куманово на 5-ти мај , како што рече, да и одржат уште една лекција на оваа власт, да ја казнат за лажните ветувања за 500 евра плата, за лажното ветување за живот во Македонија, за лажното ветување за повеќе пари за земјоделците, за лажното ветување за 100 000 денари плата за лекарите, за лажното ветување за правда и мир, за лажното ветување дека нема да чепкаат во Уставот и дека нема да го менуваат името на Република Македонија.

„Да ги казниме поради тоа што донесоа депресија, сиромаштија и поделено општество. Затоа што во Европа нема место за политичари чии политики се темелат на комунистички концепти. Нема место за политичари кои го лажат народот, кои го разочаруваат и го оставаат на цедило. Нема место за политичари на кои битни им се само нивните лични и фамилијарни интереси“, потенцираше претседателот на општинскиот комитет, Петрушевски.

Коментари

коментар(и)