Петрушевски: На 15-ти јули Македонија ќе се исправи и ќе возврати!

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе водат кампања согласно пропишаните здравствени протоколи во време на пандемија, користејќи нови дигитални алатки и социјални медиуми, најави на  денешната прес-конференција претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Бране Петрушевски.

-Посетите на домовите на граѓаните ќе ги замениме со промотивни штандовипоставенина голем број локации достапни до сите граѓани. Во нашата кампања ќе нема масовни собири или какви било активности со кои би им го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја користам оваа прилика да упатам апел и молба до сите политички субјекти кои ќе учествуваат на изборите, со своите активности да овозможат фер и демократска изборна кампања и перфектно кредибилен изборен ден. Особено сакам да и порачам на владеачката СДСМ да престане со обидите за поткуп и незаконско влијание врз гласачите, да се надмине себеси и да овозможи услови за демократско изјаснување на граѓаните, како што доликува на земја претендент за полноправно членство во ЕУ. Имајте на ум дека  ВМРО-ДПМНЕ со голем мониторинг ќе го следи однесувањето на СДСМ и за сѐ ќе превзема ригорозни мерки и ќе го известува меѓународниот фактор, рече Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник

Петрушевски претстави и дел од програмата Проект Обнова за Македонија која содржи повеќе од илјада проекти, зад којам како што рече, стои ВМРО-ДПМНЕ и цел експертски тим.

-Се обврзуваме на:

  • Раст на БДП од 4-5% годишно
  • Намалување на стапката на невработеност под 10%
  • Зголемување на платите за 25% во период од четири години
  • Домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години;
  • Високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор;
  • Крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура;
  • Зголемувања на пензиите;
  • Подигање на квалитетот на здравствените услуги
  • инвестиции во образованието како и поттикнување на иновациите, научноистражувачката работа и примената на новите технологии;
  • Заштита на животната средина.

Обновата на Македонија ќе значи обнова на духот, победа над просечноста и статус кво политиките, обнова на вредностите, но и обнова  на идеалите. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени  кои ќе ја направат Македонија онаква во каква што сакаме сите даживееме. Следува период на нова надеж,нов исчекор,каде ќе покажеме дека не сме исти, дека сме различни од нив.

15-ти јули е денот кога Македонија ќе се исправи и ќе возврати! , рече Петрушевски.

Претседателот на општинскиот комитет истакна дека ја имаат најдобрата листа за пратеници во ИЕ 2, со носителот Владо Мисајловски, на втората позиција Рашела Мизрахи, на третата Бране Петрушевски, а кандидати за пратеници од Куманово се и претседателот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ, Кети Димковска, магистар на филолошки науки  и Тихомир Алексовски, дипломиран професор по физика.

Коментари

коментар(и)