Недостигаат капиталните проекти што ги вети градоначалникот на Куманово. Ги нема петте катни гаражи, сообраќајните решенија, цефковод од Липково до Куманово, справувањето со отпадот, истакна при гостувањето во емисијата Став, пратеникот и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
-Сообраќајните решенија, на влезот се направи кружен тек мислам дека поприоритетно ќе беше долу кај Митев мост, ние како опозиција имавме и протести правено на таа крстосница, и алармирано со години и цело време локалната власт велеше немало можност, сега се демантираат самите себе и се јавува дека ќе се направи кружен тек и таму-истакна тој.
Петрушевски посочи и дека најголем успех што на отчетот за три години владеење си го препишал градоначалникот е одблокирањето на сметката на општината, иако како што рече тоа е повеќе заслуга на Владата.
-Владата беше принудена да интервенира со закон и големи финансиски средства да им бидат отпишани и да им дадат дополнително за да се раздолжат. Можеби тука Владата има пофалба меѓутоа и тоа не е добро, зашто тие пари наместо да одат во болници, социјални трансфери ние сега раздолжуваме долгови на некои градоначалници кои недомаќински се однесувале со државните пари и ги задолжиле општините што е случај и во општина Куманово-истакна тој.
Тој нагласи и дека се уште не се гледаат инвестициите кои СДСМ требаше да ги направи во Куманово, иако претходните години како што рече постојано обвинувале дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ неправедно го игнорирала градот.