Петрушевски: Преземени се сите законски мерки

Првиот човек на „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски истакна дека по сомнение, на 27-ми јули годинава за овој проблем го информирале основното јавно обвинителство од Куманово, од каде добиле упатства за понатамошната работа и формирале две комисии за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност.

-На 27.07 годинава од наша страна е поднесена пријава до раководителот на Секторот за финансии каде што  по закон за јавни службеници, формиравме две комисии за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност. Се обративме до јавно обвинителство во Куманово каде што во разговор со јавен обвинител-односно помошникот беше тогаш на работа, ни дадоа насоки. Случајот го водеше финансиска полиција од Скопје каде што имавме два месеци соработка со нив, предадена е целосната документација на нив, утврдена е материјалната штета, што е резултат на овие две кривични пријави кои денеска се поднесени. Лицето во дисциплинска постапка е суспендирана од страна на јавно претпријатие и  од наша страна се преземени сите мерки законски, првин со пријава па со обработка на документација и давање на надлежните органи. Сега постапката ќе си оди во обвинителство и понатаму дали ќе се процесуира во суд ќе одлучи истиот орган-истакна Петрушевски.

Коментари

коментар(и)