Петстотина полициски службеници ангажирани за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата, Министеството за внатрешни работи ангажирало 501 полициски службеник, реализирани 197 мото-патроли и користени 144 моторни возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата:

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Коментари

коментар(и)