Стотина учесници беа дел од овогодинешното, петто по ред издание од Атлетскиот митинг „11 Октомври“ кој по повод Денот на востанието го организира Атлетскиот клуб Куманово.
И годинава, оваа спортска манифестација имаше меѓународен карактер кад еучество зедоа и атлетичари од Бугарија. Од 12 до 14 часот вкупно 17 дисциплини, меѓу кои тркачки, скок во далечина и височина, фрлање ѓуле и штафета.
Овој Атлетски митинг држи една убава традиција, не посетуваат повеќето клубови од Македонија, имаме и програма за основните училишта, за деца што не тренираат атлетика, да дојдат да видат како изгледа една трка. Имаме и оваа година една екипа од Бугарија, со машки и женски членови што е дојдена, така и оваа година традицијата продолжува, овој атлетски митинг е меѓународен, а ќе има и трка за рекреативци, ќе пробаме да го потикнеме оној спортски дух кај луѓе што не се занимаваат професионално со атлетиката, изјави Филип Колевски тренер на АК Куманово.
И овогодинешната манифестација е под покровитекство на Сојузот на спортови на град Куманово, од каде најавуваат дека атлетиката и сите други спортови во градот секогаш ќе добиваат поддршка од локалната самоуправа.
Општинскиот сојуз на спортови констатно дава поддршка на овој спорт, но и на сите други спортови условно, бидејќи знаете дека во Општинскиот сојуз на спортови се зачленети некаде околу шеесетина клубови од Куманово. И понатаму ќе даваме поддршка во сите сфери, и логистичка и финансиска на овие клубови според можностите и според програмата на Општина Куманово и Советот и мислам дека кралица на спортовите е атлетиката, ќе си го заземе своето месето и гледате самите дека се поголем број млади луѓе се заинтересирани за овој спорт што е и еден од предусловите за развиток на спортот и мисалм дека атлетиката ќе заземе свое место во општина Куманово, онака како што доликува, изјави Сашо Петрушевски, претседател на Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово.
Мерењата беа извршени електронски, а најдобрите од сите категории освоија медали, благодарници за учество и пехари.