Пет автобуси и четири комбиња вршеле превоз без соодветна документација

Полициски службеници од граничен премин Табановце, викендов извршиле контрола на четири патнички возила – комбиња и пет автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на возилата „мерцедес спринтер“, управувано од В.Т.(25 години) од Струмица, „мерцедес спринтер“, управувано од В.Н.(24 години) од Струмица, „цитроен“, управувано од С.С.(36 години) од Струмица и „мерцедес спринтер“, управувано од Г.Г.(32 години) од Струмица, сите со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во автобус со тетовски регистарски ознаки управуван од Г.К.(42 г одини) од село Требош, автобус со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(57 години) од село Ливада, струшко, во автобус со кочански регистарски ознаки, управуван од Ф.О.(43 години) од Струмица и Д.В.(39 години) од село Трсино, виничко, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(55 години) од Тетово и С.А.(48 години) од Тетово и автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Н.З(28 години) од Гостивар, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Коментари

коментар(и)