Пет случаи на голема кашлица за една недела во Куманово

За една недела во Куманово регистрирани се пет нови случаи на голема кашлица, соопштија денеска од епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје. Од почетокот на февруари, вкупниот број во кумановскиот центар од 148 случаи зафаќа десет и пол проценти од вкупниот број на заболени во земјава.

-Заклучно со 10 октомври годинава на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово кој опфаќа шест општини (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце) од почетокот на февруари пријавени се 148 случаи на голема кашлица од кои пет се последнава недела. Во однос на претходните недели се забележува намалување на бројот на пријавени случаи на заболени од голема кашлица. На подрачје на ЦЈЗ, минатиот месец имаше единаесет случаи додека најмногу биле евидентирани во јули. Од петмината заболени, двајца се на возраст од 30 до 33 години, останатите се деца од нула до четири години“, изјави раководителот на одделението за епидемиологија, од Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Јадранка Стаменковска.

Повеќе детали за состојбата со голема кашлица од изјавата нa д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово во вестите во 18 и 22 часот.

Коментари

коментар(и)