ПК „Тумба“ со нови одлични резултати

Пливачкиот Клуб „ТУМБА ” од Куманово имаше одличен настап и неверојатни резултати на последното државно првенство во пливање кое се одржа на Воениот базен во Скопје.

Тимот од Куманово настапи со вкупно девет члена во различна возрасна конкуренција и дисциплини. Лауреатот и приматот најдобар не само во тимот туку и на првенството го понесе 18- годишниот пливач Никола Трајановски кој освои три златни медали и едно сребро со што е меѓу најдобрите три пливачи во Македонија во сениорска конкуренција. Трајановски стана државен првак во сениорска конкуренција на 50 метри слободно, 50 метри делфин и 100 метри слободно додека сребрениот медал го освои на 200 метри слободно.

Марко Трајановски пак во конкуренцијата на кадети заврши како трет на три пати во категоријата 50.метри слободно, 100 метри слободно и 200 метри слободно.

Забележителен настап на првенството имаа и младите надежи и пливачи Теодора Божиновска, Михаела Домазетовиќ, Кристијан Манасиевски, Лука Радевски, Матеј Арсовски, Дарко Додевски и Илариј Арсовски.

Коментари

коментар(и)