Повеќе локации во градот денеска и утре времено ќе бидат без струја

Делови од Куманово денеска и утре времено ќе бидат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според РЦУК, денеска во период од 09:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во Агино Село, Брзак, Романовце – Самет 2, Јафи Гранит, пумпна станица Романовце и железничка станица Романовце.

Во текот на утрешниот ден без електрична енергија во период од 07:00 до 07:30 часот ќе останат корисниците од стопански објекти и домаќинства во населбата Карпош: Бијана Трејд, Бијана Шус, Фраг МакМега, Терма Лифт, Ресторант Фемили, МасаПром, Ѓоше Млин Бодан, дел од Никуљански пат, Месна Индустрија Никс.

Прекини на истите локации во населбата Карпош ќе има и во периодот од 10:30 до 11:00 часот.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

 

Коментари

коментар(и)