Повеќе од сигурен сум дека ќе победам на локалните избори, вели Димитриевски (ВИДЕО)

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вели дека повеќе од сигурен е дека ќе победи на локалните избори, затоа што граѓаните на Куманово ја препознаваат неговата работата. Тој истакна дека Куманово со години наназад поприлично е запоставено во однос на капиталните инвестиции и сака да ги реши комуналните проблеми со кои граѓаните се соочуваат. Тој се заблагодари на граѓаните кои позитивно се изјасниле за неговата работа и се најде меѓу трите најдобри градоначалници во државата, а тоа ќе му биде мотив да продолжи со работата.

Коментари

коментар(и)