Повредени три лица во сообраќајна незгода кај Агино село

Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Агино Село, кумановско, патничко возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.М.(63) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат надлежните.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници, Г.Ј.(58) од Куманово, З.В.(60) од с.Проевце, кумановско и Л.Ј.(63) од с.Доброшане, кумановско, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија од полицијата.

Коментари

коментар(и)