Повреден возач при судир на два автомобили на „Трета МУБ“

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на крстосница од бул. „Трета Македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски -Бато“ во Куманово.

Сообраќајката се случила вчера во 11.40 часот, помеѓу патничко моторно возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27) од Куманово и патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(53) од Куманово.

Во незгодата, Г.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)