Повторно измамено лице, платило, но не добило огревно дрво

Повозрасен кумановец измамен од лице за сума од 6.000 денари, информира полицијата.  Во СВР Куманово вчера 73-годишен маж пријавил лице му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, се упатиле на местото каде наводно биле складирани дрвата. Притоа, како што стои во пријавата, лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе провери до каде е камионот за транспорт на дрва, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Досега неколку повозрасни лица беа измамени на ваков начин.

Коментари

коментар(и)