Пожарникарите вчера со неколку интервенции

Неколку интервенции бележи Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден во Куманово и липковско.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарникарите вчера гаснеле сува трева и стрниште во атарот на селото Лојане, по што продолжиле и во селото Думановце, каде освен сува трева, гореле и десетина стебла црн бор. Опожарена била површина од околу 500 метри квадратни.

Сува трева вчера горела и во близина на средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“, во Којнаре, а во текот на вчерашниот ден пожарникарите бележат и техничка интервенција на камион – шлепер на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка кај селото Војник.

Коментари

коментар(и)