Пожарникарите гаснеле опожарена куќа во Лојане

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие имале две интервениции, информира РЦУК. Првин учествувале во гаснење на опожарена гаража на улицата Егејска Македонија. Интервенирано е со едно противпожарно возила и тројца пожарникари.

Втората интервенција била на опожарена семејна куќа во село Лојане. Опожарена била кровната конструкција на објектот, при што е направена голема материјална штета. Интервенирано е со две противпожарни возила и пет пожарникари. Причините за пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Коментари

коментар(и)