Познати добитниците на „ Ноемвриска награда“

Шест физички и едно правно лице се добитници на општинското признание што се доделува по повод Денот на ослободувањето на Куманово, Ноемвриска награда, соопшти денеска претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации , Сашо Милковски.

Добитниците се:

1.Борис Секирарски – метеоролог

2.Марјан Стошевски, спортски новинар

3.Страхил Петровски, академски сликар

4.Горан Илиќ, актер

5.Реџеп Реџеповски, боксер

6.Фадиљ Маличи, лекар специјалист и

правното лице Кланица БДА компани Куманово

Паричната награда во износ од 100.000 денари ќе биде поделена на еднакви делови на шесте физички лица, а правното лице ќе добие диплома. Ноемвриската награда на добитниците ќе им биде врачена на свечена седница по повод  празникот  – 11 Ноември, информира Милковски.

Коментари

коментар(и)