Показна вежба за укажување прва помош при сообраќајна незгода

Црвениот крст во соработка со СВР Куманово организираше показна вежба на која се симулираше повреда при сообраќајна незгода. Целта е  подигнување на граѓанската свесност за помош при сообраќајна несреќа. Случајни минувачи и возачи со поддршка на волонтерите од Црвениот крст во присуство на полициските службеници им укажуваа прва помош на повредените.

-Општинска организација на црвен крст и СВР Куманово организираат показна вежба за прва помош дали возачите на град Куманово знаат да пружат прва помош на повредените.Доаѓа до судир на две моторни возила и има повредени и возачите треба да пружат прва помош но доколу не знаат тука настапуваат обучените волонтери од Црвен крст и покажуваат како треба да се пружи истата, вели Сања Росевска, волонтер во Црвен Крст.

Во показната вежба на градскиот плоштад која традиционално се организира секоја година се вклучија околу  десетина волонтери и полицајци.

-Со црвен крст Куманово организираме показна вежба во која возачи или случајни минувачи треба да укажат на симулирана повреда од активисти на црвен крст како би укажале соодветна прва помош во случај на сообраќајна незгода, вели Виолета Богдановска, раководител на сектор за безбедност.

Од Секторот за внатрешни работи велат дека имаат постојана соработка со Црвениот крст во санитетско обезбедување на сите нивни превентивни активности.

Коментари

коментар(и)