Показна вежба по повод Денот на независноста

Показна вежба „ Симулација на сообраќајна незгода во која има повредени лица , нивно извлекување и санирање на повредите “  денеска се организираше на градскиот плоштад по повод утрешниот  празник, 08 септември- Денот на независноста на РМ. Вежбата беше под покровителство на Советот на Општина Куманово,  а во организација на СВР Куманово, Територијалната противпожарна единица  Куманово, општинската организација на Црвен крст и Здравствениот  дом . Целта на оваа активност која е дел од проектот „Заедно за граѓаните“  е да се разбуди совеста и свеста на граѓаните за поголема сообраќајна култура, почитување на сообраќајните правила и прописи за да нема никакви последици по животот на граѓаните , како и материјална штета.

– На вакви денови на дело се гледа достапноста и улогата што секоја членка во нашето општество во нашиот систем на поставеноста на институциите ја има во креирањето на подобра, побезбедна, посигурна општина за секој граѓанин на нашата заедница. Денеска ќе имаме можност како и изминатите две- три години да видиме дел од опремата што ја поседуваат овие институции , на дело да видиме кои се проектите што досега ги реализирале и кои се тековните, изјави Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово

Комадирот на територијалната противпожарна единица Деан Илиевски апелираше до граѓаните што почесто да ја посетуваат нивната единица бидејќи секогаш се отворени за соработка.

-Покрај гасење на пожари , ТППЕ учествува и во сите други интервенции во општина Куманово , поплави, земјотреси, сообраќајни незгоди. Би сакал да ги повикам граѓаните што почесто да ја посетуваат нашата единица бидејќи ние сме отворени за посета за соработка со граѓаните Изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ, Куманово

-Во нашето секојдневно превентивно работење, ние често организираме псоети на СВР Куманово, доаѓаме во вашите населени места, во училиштата и секаде, ви стоиме на располагање за соработка на ваши идеи и иницијативи за заедничка соработка, изјави Виолета Богдановска, Отсек за превенција

Богдановска потенцираше дека побезбедна средина и живот за граѓаните во Куманово ќе има само со заедничка соработка, отвореност на граѓаните кон институциите и меѓусебно споделување на информациите.

Коментари

коментар(и)