Политичките партии со хуманитарни акции

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, како и општинската организација на СДСМ, од вчера започнаа со акции за собирање помош за семејствата во поплавените подрачја. Тие ги повикаа сите хумани граѓани во наредните денови да донираат секаков вид на помош во седиштата на нивните партии.

-Во период од 14 до 19 часот организиравме штанд на кој ќе собираме донации за оштетените луѓе во поплавите кои го зафатија Скопје во тек на минатата ноќ. Штандови ќе бидат поставени и во текот на утрешниот ден, ја користиме оваа можност за да ги повикаме сите хумани граѓани кои се во можност да дојдат да достават свои донации и вода, хигиенски средства со што ќе им помогнеме на засегнатите семејства, од поплавите во Скопје-изјави Никола Перовиќ, потпретседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ.

-ОО на СДСМ се вклучува во големата акција на партијата заедно со сите општински организации од вечерва 18 часот наменета за семејствата погодени од големата катастрофа што го зафати Скопје. Најнеопходна помош на луѓето кои се погодени е вода за пиење, конзервирана храна и секакви останати средства кои може да се најдат за прва помош, да изразиме искрено жалење за починатите, за семејствата кои се погодени да потенцираме дека починатата Жаклина беше член на ОО на СДСМ Куманово, ја споделуваме тагата со нејзиното семејство, со сите семејства кои се погодени. Ова покажува дека нема играчка со природата таа знае да биде немилосрдна-нагласи Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово.

Коментари

коментар(и)