Полицијата со апел до граѓаните да се заштитат од крадци

По повод престојните празници кога поголем број од граѓаните се надвор од своите домови, апелираме  да ги превземат сите неопходни мерки  на соодветна заштита на пари и вредни предмети при нивно отсуство од домот, вели Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

-Да не се оставаат информации на социјалните мрежи  пред одење дека сте надвор од дома во моментот, каде сте и што правите. При излегување да се проверат сите врати, особено во ниските делови и да не се оставаат прозорците и вратите од терасите отворени. Исто така, да не оставаат вредни предмети на видно место во возилата и да се внимава на парите и платежните картички при работа со нив, како и носење  голема количина на пари на јавни места како и заштита на џебови и чанти. Доколку забележат нешто сомнително граѓаните може да повикаат полиција на телефонскиот број 192 или 112 со цел навремено да се интервенира.

Исто така, упатуваме апел и до учесниците во патниот сообраќај да се однесуваат согласно законските правила и прописи. Да не управуваат возила под дејство на алкохол, да ја приспособат брзината на условите и состојбата на патот, како и да управуваат со соодветна важечка дозвола, истакна Младеновска.

 

Коментари

коментар(и)