Пописот нема да се одложи, вели Заев

Пописот ќе се спроведе од 5-ти до 30-ти септември, не размислувам за одложување, рече премиерот Зоран Заев. Тој укажа дека пописот веќе е договорен, а бил одложен по барање на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Не размислувам за негово одложување, тој е наша обврска и наша должност“, рече Заев. 

Со ова тој ги отфрли претпоставките дали може да дојде до ново одложување на оваа статистичка операција, со оглед на зголемениот број на заразени со Ковид и немањето доволен број на попишувачи.

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам до граѓаните. Примањата се од 25 илјади до 45 илјади денари за 25 дена анкетирање. Апелирам граѓаните, посебно во општините во кои што има дефицит на луѓе, да се пријават за да може на време да се заокружат сите бројки. Јас верувам дека ќе имаме доволно попишувачи. Пописот е статистичка операција која што е насушно потребна за сите наши економски планови и предизвици“, рече Заев.

 

Коментари

коментар(и)