Поради дефекти на водоводната мрежа неколку локации се без вода

Поради дефекти на водоводната мрежа, шест локации во Куманово денеска времено се без вода.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода денеска има кај корисниците од улицата „120“ во населбата Карпош поради детекција на дефект на водоводна мрежа.

Без вода е и СОУ „Перо Наков“ поради дефект на внатрешна водоводна мрежа на училиштетоо, додека на улицата „Бајрам Шабани“ (крстосница со ул. „Б. Буха“) се врши ископ на ров за изведба на нова водоводна шахта.

Улицата „Вук Караџиќ“ е без вода поради изместување на водомер, поради дефект на водоводната мрежа вода нема Средорек, а поради приклучок на мрежата без вода се корисниците на улицата „Б.Б. Гуцман“.

Коментари

коментар(и)