Порасна водостојот на река Пчиња

Повторно зголемен водостојот на река Пчиња, така што сега е над просекот за јануари.

Мерењата од утринава, направени на мерната станица на Управата за хидрометеоролошки работи, лоцирана во атарот на селото Пелинце, покажуваат водостој од 60 сантиметри.

Водостојот почнува да расте од сабота, кога изнесувал 52 сантиметри, односно еден сантиметар под просекот за месец јануари.

Кон почетокот на годинава, поради обилни врнежи дојде до излевања на реката Пчиња на неколку локации, при што беа поплавени неколку викендици и обработливо земјоделско земјиште.

Коментари

коментар(и)