Посетеноста на затворениот базен на задоволително ниво

Задоволителна е посетеноста на градскиот затворен базен од граѓаните рекреативци во овој период од годината, оценуваат надлежните од јавбното претпријатие „Чистота и зеленило“.  И покрај ниските температури водата во базенот е загреана , како и целиот објект кој што е приклучен на гасификационата мрежа.

-Температурата на водата е од 26 до 28 степени согласно законските рамки колку треба да биде температурата, ја одржуваме таа температура  во континуитет. Водата во затворениот градски базен е бактериолошки исправна, ние секојдневно ја проверуваме, дополнително двапати месечно водата се проверува од Центарот за јавно здравје со бактериолошки испитувања и сега за сега немаме забелешки во однос на водата. Хигиената на базенот е на задоволително ниво, она што беше проблем користење на каљачите при влезот во соблекувалните за помагање на најмалите при пресоблекување за влез во базен и започнување на процесот за пливање се одвива во најнормален ред, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Освен рекреативци, услугите на затворениот базен ги користат и членовите на пливачките клубови, но и на ватерполо клубот, вкупно околу 300 деца.

-Рекреативците можат да доаѓаат во текот на целиот ден да пливаат и да се рекреираат, вообичаено во текот на попладневните и вечерните часови кога најмалите се послободни од училишните обврски има термини каде што пливачките клубови ги учат најмалите за пливање, новина е што на градскиот базен веќе почнува со развивање на ватерполо спортот. Би сакал да упатам еден апел до граѓаните да дојдат да го посетат затворениот градски базен да уживаат во водите бидејќи временските услови сега се одлични за рекреација, изјави Стојчевски.

Цените на билетите се исти како и претходните години. Рекреативците за еден час пливање на затворениот базен плаќаат билет во износ од 100 денари, на неделно ниво заинтересираните добиваат попуст и картата изнесува 500 денари, а на месечно ниво 2.000 денари.

Коментари

коментар(и)