Поставена нова бандера, искривената е отстранета

Искривената дрвена бандера на улицата „Веселин Маслеша“, во близина на дворот на основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, утринава е отстранета, а на нејзино место е поставена нова.

Телевизија Плус вчера информираше дека налегната бандера претставува опасност за учениците, жителите но и сите минувачи на оваа фреквентна крстосница.

Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај при Општина Куманово, заедно со Секторот за инспекциски надзор, по констатираниот проблем на терен, издал барање фирмата-сопственик, во овој случај Македонски Телеком, веднаш да ја санира штетата, односно да ја промени искривената бандера.

-Извршивме контрола во раните утрински часови и веднаш преминавме кон решавање на проблемот. Сопственикот на бандерата која беше искривена дојдоа на лице место и пристапија кон санирање, односно монтирање на нова бандера. Тоа го направивме со цел да се спречи поголем проблем, знаеме дека во непосредна близина е основно училиште каде има ученици, веднаш излеговме на лице место ја саниравме констатираната ситуација со цел да биде се во ред-истакна Бојан Петковски од Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај.

За искривената бандера вчера реагираа жителите на оваа локација, но апел што поскоро да се реши проблемот упатија и од основното училиште Христијан Карпош.

 

 

 

Коментари

коментар(и)