Од март годинава минималната плата ќе изнесува 18.000 денари

Постигнат е договор за минимална плата од 18.000 денари.

„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикатите и со работодавците. 80.000 наши сограѓани, работници во разни индустрии, почнувајќи од мартовската плата, ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума означува раст на нето-платата на овие работници за речиси 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки што директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, рече Димитар Ковачевски, претседател на Влада

 

Коментари

коментар(и)