Потврдена салмонела кај затруените деца

Кај 31 дете и тројца вработени во кумановската градинка „Ангел Шајче“ е потврдено присуство на салмонела ентеритидис.  Бактеријата е откриена во оригинално пакување на мајонез, потврдија надлежните инспекторати.

По одлука на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна, затворена е кујната, како и занималните. Агенцијата за храна нареди и уништување на небезбедната храна.

На детскиот оддел се уште се хоспитализирани 3 дечиња, но состојбата кај нив е подобрена.

 

Коментари

коментар(и)