Почнува масовната вакцинација со „Синовак“

Петстотините илјади вакцини купени од кинескиот производител „Синовак“ вчера пристигнаа во нашата земја.

Благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и на пријателската Кина, со чијашто помош успеавме да ги обезбедиме овие вакцини и да ги добиеме во нашата држава. Благодарение на денешната пратка на вакцини, веќе во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава-објави Министерството за здравство.

Според Светската здравствена организација две дози од оваа вакцина, имаат ефикасност од 51 процент против симптоматска инфекција од Ковид 19, по приемот на втората доза.

Оваа вакцина се препорачува и за бремени жени и доилки, како и за сите возрасни групи, а е одобрена од СЗО.

Коментари

коментар(и)